Поврзете се со нас

Шпанија

Флорентино не сака ни да слушне за стоперот кој Гути му го препорача на Реал Мадрид

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Сериозната повреда на Милитао е уште еден голем проблем за Реал Мадрид и нов удар по дефанзивната линија на Карло Анчелоти, која и онака веќе беше под голем притисок поради неколку повредени играчи.

Победата против Осасуна беше засенета од шокот за Бразилецот и неговите соиграчи, па јасно е дека Реал Мадрид мора да размислува за засилувања во зимскиот преоден рок.

Дел од медиумите, па и поранешната ѕвезда Гути веќе го промовираа поранешниот капитен Серхио Рамос како поволна опција во моментот кога е без ангажман, но Флорентино Перез не сака ни да слушне за оваа опција.

Гути предложи сензационален стопер за Реал по тешката повреда на Милитао

Речиси и да не постојат други реални опции пред отворањето на зимскиот преоден рок, но Перез не сака да размислува за враќање на Рамос, со кого не се збогуваше на најдобар начин во 2021 година, момент од кој нема добро мислење за клупската легенда.

Дел од раководството и соработниците на Перез сигурно ќе настојуваат за омекнување на ставот на првиот човек на Реал Мадрид, но мадридските медиуми тврдат дека шансите за такво нешто се минимални.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни