Шпанија
Флорентино му испратил писмо на Гави, каталонските медиуми го поздравија потегот на претседателот на Реал

Пабло Гави заработи тешка повреда на коленото кое ќе го оддалечи од терените со месеци, а која уште отсега му ја прецрта актуелната натпреварувачка сезона, по која нема да настапи и на Европското првенство и Олимписките игри.
Младиот талент на Барса ја заработи една од најтешките повреди во фудбалот и беше крајно разочаран по епилогот на мечот со Грузија, бидејќи кинењето на предниот вкрстен лигамент е проблем кој гарантира долга пауза од терените, но и трпеливост и големо залагање.
Гави со солзи во очите ги доживеа сите тешки моменти и тоа им ги скрши срцата на сите членови на шпанската фудбалска репрезентација, па дури и на неговите противници на клупски план.
Дани Карвахал и Хоселу му испратија емотивни пораки на Гави за побрзо закрепнување и најдобро враќање на терените, но угледните шпански медиуми открија дека срдечно писмо до фудбалерот испратил и Флорентино Перез.
Претседателот на Реал Мадрид има пракса да испраќа писма до сите фудбалери кои се соочуваат со големи препреки и тешки повреди, па во писмото на Гави му посакал само добри желби и побрзо враќање на терените. Овој потег на Перез наиде на поздрав и од каталонските медиуми, кои посочија дека и покрај големото ривалство, меѓу двата клуба постои обостран респект кој најдобро говори за класата на Реал и Барса.
-
Англијапред 21 час
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 23 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 6 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 8 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 24 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Светпред 7 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 19 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 20 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат