Шпанија
Флорентино испорача едно ветување до навивачите на Реал по новата освоена титула
Реал Мадрид не пронајде вистински ривал во мексиканскиот тим Пачука и со убедливи 3:0 славеше во финалето на Интерконтиненталниот Куп, триумф кој на „кралевите“ по деветти пат им ја донесе титулата на светски клупски шампиони.
Карло Анчелоти со 15-та титула стана најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид, а Флорентино Перез кој веќе од поодамна е најтрофеен претседател од постоењето на клубот, сега само го подобри својот рекорд и стигна до бројката од 37.
– Многу сум среќен и задоволен од изданието и изгледот на тимот. Ова е титула за светски шампион и по деветти пат ја освојуваме. Секој трофеј е важен и излеговме со максимална желба да го вратиме во Мадрид.
– 2024-та година беше навистина неверојатна за нас, ќе биде навистина многу тешко да ја повториме. Сепак, ќе продолжиме да се бориме и за другите титули, ја отворивме сезоната со две титули и сега ни остануваат оние во Ла Лига, Лигата на шампионите и уште некоја.
– Овие резултати се производ на долгогодишна работа, не само од мене, од многу луѓе во клубот. Ние работиме за светот да биде што побогат со мадридисти. Оваа работа ми носи огромна одговорност, но и огромна сатисфакција. На навивачите можам да им ветам дека ќе продолжам напорно да работам за да им даваме причина за радост, – посочува Перез.
-
Светски првенства23 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Репрезентација11 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП21 час
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Англија22 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија20 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства19 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт