Флојд со попрецизна изјава: Мејведер обелодени колку ќе заработи од лудата борба со Хабиб!

mejveder-beli

Хабиб Нурмагомедов даде зелено светло за одржување на спектакуларна и луда борба со непоразениот бокс шампион, Флојд Мејведер, а во денови кога цела светска јавност изнесува нови детали за потенцијалната битка која сигурно ќе биде најплатена во историјата, Американецот даде една попрецизна изјава со која уште толку ги подгреа шпекулациите за одржување на спектаклот.

Мејведер веќе ги прозва традиционалните спонзори на вака големи борби и им порача да ги подготват парите, а тој во својата последна изјава која ја даде за „ТМЗ“, прогнозираше дека ќе заработи 200 милиони долари од пресметката во рингот со големата УФЦ ѕвезда.

– Кога ќе се соочам со Хабиб, секако дека ќе заработам сума со девет цифри. Ќе биде повеќе од борбата со МекГрегор. Најверојатно 100 милиони повеќе. Би рекол дека ќе имам гарантирани од 110 до 200 милиони долари, – истакна Мејведер и додаде.

– Што е до мене, сигурно ќе се бориме. Јас сум шеф на самиот себе, не можам да кажам што се случува во неговиот бокс. Но, мислам дека може да се случи ова лудило, – заклучи непоразениот шампион кој има страшен биланс од 50:0.

Facebook Коментари