Шпанија
Флик за состојбата на двајца клучни играчи пред Супер Купот: Мислам…
Барселона без проблеми излезе на крај со нисколигашот Барбастро и обезбеди место во осминафиналето на Копа Дел Реј.
Фаворитот славеше со 4-0 со два погодоци на Левандовски и по еден на Гарсија и младиот Торе.
-Денешната победа е важна. Потребно беше вака да ја започнеме новата година, доаѓајќи од таму каде што дојдовме. Бевме многу добри во одбраната. Не им дадовме шанса на противниците, -истакна тренерот Ханси Флик кој беше среќен што Роналд Араухо повторно е активен на теренот.
-Араухо се врати по тешката повреда. Тој можеше да одигра 90 минути и го видовте неговото ниво. Тој зборуваше на теренот, тој е еден од нашите капитени, -рече Германецот кој даде одговор дали Ламин Јамал и Рафиња ќе биде подготвени за престојниот предизвик во Супер Купот на Шпанија.
-Патуваме во понеделник, тренираме во понеделник во Барселона и во вторник во Арабија. Тоа е се што имаме пред тој натпревар. Мислам дека Ламин ќе биде достапен против Атлетик. Рафиња имаше некои проблеми, добро тренираше, но решивме дека е попаметно да го поштедиме на ова патување, -порача предводникот на каталонците.
Ривал на Барса во полуфиналето е Атлетик Билбао.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија24 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)