Шпанија
Флик за случајот Олмо: Разговарав со него, тој сака…
Барселона без проблеми ја мина првата пречка во Копа Дел Реј, нискологашот Барбастро кој настрада на негов терен со 4-0.
Каталонците беа сигурни во текот на сите 90 минути, но играта и резултатот паднаа во втор план и тоа сосема очекувано затоа што великанот се уште го нема решено проблемот со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор.
Клубот доби негативни одговори во сите досегашните свои обиди и сега ќе се обидува преку судови да дојде до некое позитивно решение. Наводно постои оптимизам кај управата на Барселона на чело со Жоан Лапорта, па и тренерот Ханси Флик верува дека се ќе се реши како што посакуваат и тој ќе ги има на располагање двајцата играчи.
-Убеден сум дека клубот ќе го реши прашањето околу реситрацијата на нив двајца. Разговарав со Дани и тој сака да игра само за Барселона. Ни треба тој, а исто така и Пау Виктор. Тие се многу добри играчи. Ни требаат и двајцата. Мора да почекаме. Ова е единственото нешто што можеме да го направиме сега, -порача Германецот.
Ако пропаднат и последните обиде на Барса, Олмо има опција која му овозможува бесплатно да си замине од клубот, нешто што би било вистинска катастрофа за составот од „Камп Ноу“.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)