Шпанија
Флик за најкритикуваната ѕвезда на Барселона: Многу важен играч, тоа што доаѓа однадвор…
Барселона е пред многу важен испит во Лигата на шампионите, гостување во Дортмунд кај Борусија во Лигата на шампионите, меч на кој ако се освојат трите бода ќе се направи огромен исчекор кон обезбедување на Топ 8, но и ќе се испрати порака дека екипата не е во криза по побледите изданија кои ги прикажува по средбата со Црвена Звезда во Белград.
Ханси Флик добро знае како е да се игра на „Сигнал Идуна Парк“ и сигурно тоа ќе му помогне во подготовката за натпреварот, а во пресрет на истиот Германецот имаше што да каже и порача за најкритикуванта ѕвезда во екипата Френки Де Јонг.
Де Јонг се обидува да се врати во форма, ритам по долгата пауза, меѓутоа има изданија, партии, потези кои дефинитивно носат незадоволство кај навивачите на каталонците кои едноставно немаат повеќе трпение за Холанѓаенцот.
-За мене тој е многу важен играч. Тоа е мое мислење и она што доаѓа однадвор не можам да го контролирам. Тој е голем професионалец и дава се на тренинзите. За нас тој е важен играч, -рече Флик и порача што треба да направат против Дортмунд.
-Мора да имаме самодоверба и да одиграме како што треба. Има некои ситуации кои мора да ги исправиме и да се потрудиме да ги видиме грешките. Тимот има став и тоа е нешто што многу ми се допаѓа.
-Загубивме два бода (против Бетис) кои многу не болеа. Но, мора да работиме секој ден, потенцијалот е таму, па убеден сум дека можеме да направиме големи работи. Ние сме многу обединети како тим и играме како едно, обединето. Мислам дека тоа е нешто што можете да го видите и фановите го сакаат. Убеден сум дека можеме да го победиме Дортмунд и да играме добро. Ова се три важни бода за да одиме во следната фаза, -порача стратегот на лидерот во Примера.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства18 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија15 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија21 час
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија18 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија17 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Шек: Денвер ќе биде шампион ако…