Поврзете се со нас

Шпанија

Флик за иднината на Гундоган: Разговарав со него, имам чувство…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона иако играше без доста првотимци успеа да дојде до победа во првиот меч во новата сезона во Примера и тоа на незгодното гостување во Валенсија на „Месталја“.

Каталонците направија пресврт и победија со 2-1 со двата гола на ветеранот Роберт Левандовски. Тренерот Ханси Флик дефинитивно има работи од кои може да биде среќен и задоволен со оглед на тоа кои играчи ги имаше на располагање.

Еден од оние кои беа недостапни беше Илкај Гундоган за кого пак пред самиот меч со Валенсија се појави вест која дојде од „Спорт“ дека побарал да си замине од клубот до крајот на месецов.

Ексклузива на „Спорт“: Гундоган го шокирал Флик пред дербито со Валенсија

Истата информација не беше потврдена од друг извор, па дури и имаше вести дека Илкај сигурно ќе остане во натпреварувачката 2024/2025, нешто што меѓу редови го потврди и предводникот на каталонците.

-Како што знаете, тој имаше некои проблеми и чувствуваше малку вртоглавица. Се договоривме да остане дома и разговарав со него да видам како се чувствува, но тоа што си го кажавме останува меѓу нас. Имам чувство дека ќе остане, -порача Ханси.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни