Поврзете се со нас

Шпанија

Флик за ѕвездата на Барселона: Може да ја освои „Златната топка“

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона утре ја очекува Бенфика во реванш средбата од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, меч на кој домаќините ќе започнат со минимална предност од 1-0.

За многумина каталонците се апсолутни фаворити, но Ханси Флик не го потценува противникот и ги предупредува своите играчи да бидат многу внимателно на „Монжуик“.

-Тие се навикнати да притискаат високо, тоа го прават во скоро сите натпревари. Имаат многу добри резултати на гостински терен во Лигата на шампионите. Мислам дека тие се јасни за начинот на кој сакаат да играат и ние знаеме како да го направиме тоа. Мислам дека нема да има изненадувања, -рече Флик кој даде коментар за тоа дали Рафиња е кандидат за Златната топка за оваа сезона, нешто за што се зборува со оглед на импресивните бројки од 25 гола и 18 асистенции.

-Секака, ако се снајде добро оваа сезона, може да има шанса. Тој секогаш ни помага многу и ако ги видите головите што ги постигна, ќе ви покаже колку е гладен. Можете да го видите тоа, добро е да се види колку е фокусиран. Задоволен сум од неговото ниво, -порача Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни