Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик внимателен пред новото соочување со Дортмунд: Овој тим…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона се соочува со Борусија Дортмунд во четвртфиналната рунда на Лигата на шампионите, битка во која каталонците се апсолутни фаворити ако се погледнат обложувалниците и шансите за пласман во наредната фаза.

Меѓутоа ова е ЛШ и каталонците се соочуваат со актуелниот европски вицешампион и тоа многу добро го знае тренерот Ханси Флик кој е свесен што ги очекува против клубот кој сега го води Нико Ковач со кого добро се познаваат со оглед на тоа што имаат соработувано во минатото.

-Тоа е нешто за што размислував многу, знам многу за Нико, не знам дали тоа ми помага или не. Знаеме дека треба да бидеме добро подготвени. Тој е одличен тренер, одлична личност и ме прави среќен што го гледам како тренер во врвен клуб. Но, ќе бидеме добро подготвени.

-Тие се многу добар тим. Нико ќе може да извади добар состав. Тие се силни во одбраната, а на повредените играчи им посакувам се најдобро, добро го познавам Нико, му го испраќам најдоброто од Барселона. Имаат многу добри играчи, штета е, но имаат доволно играчи да ги покријат своите отсуства. Имаме јасна идеја како сакаме да играме и презедовме одредени обврски. Сакаме да останеме во Лигата на шампионите; мора да се фокусираме на работите кои се важни, -истакна Флик кој кратко проговори за разликите на овој тим на Дортмунд со оној што го победија во месец декември со 3-2.

-Нивната самодоверба малку се промени. Нивните додавања се поостри. Резултатите што ги имаа во Лигата на шампионите и Бундеслигата им дадоа самодоверба. Имаат поконкретни цели. Тие се тим со одлично темпо, размислуваат многу напаѓачки, а ние ќе мораме да бидеме на висина на задачата, -порача предводникот на каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни