Поврзете се со нас

Шпанија

Флик: Судиите мора да ги заштитат Јамал и Винисиус Жуниор

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона утре се соочува со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Купот на Шпанија, меч за кој неизвесен е талентираниот Ламин Јамал кој настрада во лигашката пресметка со Лас Палмас.

Офанзивецот беше расположен за игра против Лас Палмас, противниците немаа решение за него, па правеа и прекршоци кои воопшто не беа санкционирани, односно не беше досуден ниту фаул по што тинејџерот објави како изгледа неговата нога.

Јамал со ироничен коментар за изгледот на неговата нога по триумфот над Лас Палмас: Немаше прекршок (Фото)

Токму поради ова тренерот Ханси Флик побара поголема заштита од судиите за играчи како Шпанецот, но и за Винисис Жуниор, играчи кои прават разлика, а се меѓу најфаулираните во Ла Лига.

-Не можеме да кажеме дека Ламин, Вини или Рафиња треба да бидат специјално заштитени, туку сите играчи. Ако тоа е тежок старт треба да се даде жолт картон; во спротивно, тоа ќе продолжи да се случува повторно и повторно. Тие (судиите) треба да го направат тоа, и тоа е тоа. Најразумно е тоа што го кажувам. Како дефанзивец, мора да знаете дека следниот пат не можете да влезете грубо. Ако добијам жолт картон, следниот пат ќе бидам поопуштен.

-На сите им се допаѓа кога играчот е најдоброто од себе во во ситуации еден на еден. Тоа е она што ги прави посебни Барселона и Реал. Овие играчи можат да играат против еден или двајца играчи во исто време. Ова треба да се заштити, -порача Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни