Поврзете се со нас

Германија

Флик со предизвик за Левандовски: Тој може да го собори рекордот на Герд Милер

Објавено

на

Баерн Минхен оствари рутинска победа над Унион Берлин со 2-0 во првиот меч по паузата поради коронавирусот.

Левандовски и Павар беа стрелци за фавориот кој со овој триумф остана на истото растојание, плус четири во однос на второпласираниот Борусија Дортмунд. Ова воедно за Левандовски беше 40 гол во актуелнава сезона во сите натпреварувања што секако го израдува тренерот Ханси Флик кој сепак му зададе едено тежок предизвик на Полјакот-да проба да го мине рекордот на Герд Милер за дадено голови во една кампања во Бундеслигата.

-Левандовски остави добар впечаток, тој е во добра форма. Не успеавме да го вклучиме во нашата игра како што требаше и треба генерално да го правиме во нашата офанзивна игра.

-Тој повторно постигна гол, има 26 голови и остануваат осум натпревари за да го собори рекордот на Герд Милер. Тоа нема да биде лесно, но тој има квалитет. Ако некој може да го стори тоа, тоа е тој, -порача Флик.

Рекордот на славниот Милер е 40 голови што значи дека Роберт кој има 26 ќе треба да експлодира во завршните осум кола за да дојде до учинокот на Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни