Поврзете се со нас

Шпанија

Флик со порака до денешниот стрелец: Ако сака да игра, мора головите да ги прославува со мене

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона остана перфектна во Ла Лига и по петтата рунда во домашното првенство, но тимот на Ханси Флик денеска го положи и најтешкиот испит со оглед на ривалот кој го имаше на другата страна од теренот.

Барса и се реваншираше на Џирона за двата порази од минатата сезона и успеа да слави со високи 1:4 на „Монтиливи“, триумф кој само потврдува дека каталонците се и тоа како разиграни на стартот на кампањата.

Ханси Флик успеа да ги консолидира редовите и да отвори со „пет од пет“ во шпанската елита, по што си даде малку простор и за делење шеги по натпреварот.

Германецот покажа дека не секогаш е сериозен надвор од теренот, па на пресот испорача симпатична шега поврзана за прославата на Педри.

Офанзивниот играч за врска по постигнатиот гол оттрча до клупата и го прегрна својот тренер, по што Флик го даде следниот одговор.

– Ако сака редовно да игра, треба да ги слави головите со мене. Тоа важи за сите во тимот, – низ сме изјави Флик и додаде.

– Денеска пред мечот, му кажав на Педри дека ќе постигне гол. Затоа дојде да ме бара мене откако се запиша во листата на стрелците.

– Стартот ни е навистина добар. Тренираме напорно, се подготвуваме добро за секој меч и одиме чекор по чекот. Натпревар по натпревар, тоа ни е целта во моментов. Но, јасно е дека сакаме да победуваме. Кога почнувате победнички, самодовербата ви расте. Се наоѓаме во добар момент и сакаме така да остане. Не смееме да застанеме после пет победи во низа. Постигнавме четири гола денеска, а можевме уште два или три. Многу сум задоволен од тоа како изгледа тимот во моментов, – изјави Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни