Поврзете се со нас

Германија

Флик со коментар за евентуалниот трансфер на Алкантара: Го разбирам што сака да игра во Премиер лигата

Објавено

на

Тијаго Алкантара во последнов реме ги полни германските и англиските медиуми откако изразил желба да си замине од редовите на Баерн Минхен.

Олдичниот фудбалер од средниот ред сака уште еден голем предизвик пред да влезе во финалните години од својата кариера, а тоа им го кажал и на челниците на клубот.

За Тијаго најзагреан е тимот на Ливерпул кој веројатно ќе биде негова следна дестинација, само треба двете страни да ја договорат соработката.

За ваквиот можен трансфер свој коментар даде и тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

– Разбирам ако играчот е загрижен. Играше во Шпанија за Барселона и во Бундеслигата за Баерн Минхен.

– Ако сега сака да оди во Премиер лигата тоа целосно го разбирам. Би била штета затоа што Тијаго дава нешто на нашата игра, затоа би сакал да го тренирам наредните неколку години, но тоа е животот. Одиме понатака, -изјави Флик потврдувајќи дека Алкантара ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни