Шпанија
Флик со информација за иднината на двајца играчи на Барселона: Тој е важен и останува…

Барселона конечно заигра како што посакува во шпанската Примера и ја разби Валенсија со 7:1 на вчерашното соочување на „Монжуик“.
Каталонците покажаа друго лице по многуте киксови кои беа направени во изминатиов период во шампионат и до врв ја наполни мрежата на Мамардашвили. Тренерот Ханси Флик имаше многу причини за да биде среќен и задоволен од настапот, но во исто време одговори и на други прашања како што е иднината на двајца играчи кои се поврзуваа/поврзуваат со заминување во овој зимски преоден рок-Ерик Гарсија и Ансу Фати.
-Гарсија останува, сакам да биде овде. Тој е важен играч. Знам дека сака да игра, денеска беше добар. Ни дава стабилност и може да игра на повеќе позиција, -рече Германот кој пак во однос на Фати за кого има дадено зелено светло да си замине, кратко порача:
-Немам нови информации за Фати. Сака да остане и тоа е во ред. Ама други денеска заслужија да играат. Сега е подобар на тренинг. Се подобрува, ќе му помогнеме, -истакна Флик.
Напаѓачот во претходниве денови беше поврзуван со Фенербахче, меѓутоа како што одминува времето се поверојатно е да продолжи да настапува за Барса до крајот на кампањата.
-
НБА6 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Лига на шампиони23 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија8 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија21 час
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Англија6 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија7 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Лига на шампиони7 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)