Поврзете се со нас

Германија

Флик со импресивен скор, не е ни година дена во Баерн а веќе има четири трофеи, но за тоа ги фали само играчите: Имаат сензационален…

Објавено

на

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик зад себе има извонредна сезона на професионален план откако го презеде баварскиот тим.

Флик го наследи Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен и требаше да биде само привремено решение, за на крај да добие перманентен договор и да продолжи да ги нижи успесите на клубот.

По вчерашната победа во Суперкупот на Европа, Ханси Флик ги испофали своите играчи за кои кажа дека поседуваат сензационален менталитет.

Баерн Минхен губеше со 1:0, но на крај успеа да се извади и по продолженија да го совлада одличниот тим на Севилја.

– Ова беше интензивен натпревар, но заслуживме да победиме. Се уште не сме во полн ритам без оглед на големата победа над Шалке викендот.

– Но, менталитетот на тимот, посебно откако Севилја победи беше сензационален. Играчите успеаја да се вратат против многу силен противник и дефинитивно ја заслужија победата, -дециден беше Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни