Шпанија
Флик шокиран: Ова што се случува во Шпанија е неверојатно…

Ханси Флик има задача да ја подготви својата екипа за дуелот со Лас Палмас во Примера каде целта ќе биде да се освојат трите бода и да се остане на врвот на табелета, но германскиот стратег на денешниот прес имаше можност да говори и на една тема која е актуелна во Шпанија во изминативе денови, недела, а тоа е судењето.
Во прв план тука се поплаките на Реал Мадрид за црвениот картон на Џуд Белингам против Осасуна, ситуација која донесе непријатни моменти за судијата Хосе Луис Мунуера Монтеро кој доби смртни закани за него и семејството, не можеше да го напушти неговиот дом, па се отвори случај за новоден конфликт на интереси за да истрагата покаже дека не постои такво нешто.
Овој случај заедно со уште неколку во кои клубовите се жалат на судиските одлуки го шокираше предводникот на Барселона кој смета дека е премината границата и тие луѓе мора да бидат заштитетни.
-Многу е важно да има судии. Ова што го прават со судиите во Шпанија е неверојатно. не ми се допаѓа. Мора да размислуваме за семејствата. Ние како играчи и менаџери мораме да ги заштитиме и нив. Не сакам да користам енергија против судиите. Имаме ВАР и мораме да им веруваме. Мора да ги промените работите, бидејќи тие се луѓе и нормално е да се прават грешки. Федерацијата мора да покаже колку се силни, бидејќи тоа е важно. Грешат и играчите и тренерите, а ние мора да ги заштитиме.
-Секогаш бараме изговори. Ако загубиме, тоа е поради судиите и не е така. Сите грешиме, јас ги правам, вие ги правите, дури и судиите. Мора да ги заштитиме судиите бидејќи не можеме да играме без нив. Мораме да ги заштитиме. Мора да играме подобро за да победиме, -рече Флик кој не сакаше да ја коментира казната за Џуд Белингам.
-Не морам ништо да кажам за ова. На последната прес-конференција кажав нешто за Белингем. Тој е одличен играч, еден од најдобрите на својата позиција. Тој не е мој играч и не морам да кажам ништо за ова. Она што ми е важно е мојот тим на теренот, тоа е она што сакам да го видам, -порача предводникот на шпанскиот великан.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА14 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)