Шпанија
Флик: Сега сме под притисок, овој тим мора да научи…
Барселона до пред три кола изгледаше незапирлива во Примера со 11 победи во 12 натпревари, но тука клубот од Каталонија застана и направи три кикса со кои му овозможи на Реал Мадрид да ја избрише негативата, поточно да биде во позиција да го преземе лидерското место ако го добие заостанатиот меч со Валенсија.
Ова е потврда дека работите во фудбалот брзо се менуваат и дека секој натпревар е посебна приказна. Барса утре ја очекува гостување кај Мајорка, прво од трите во наредниов период затоа што потоа оди кај Бетис и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Трите предизвици се сериозни, па тренерот Ханси Флик испрати јасни пораки до играчите да се разбудат и да почнат да се борат за која топка, секоја победа.
-Тимот можеше да го добие овој натпревар [против Лас Палмас], но тоа не го направивме тоа. И сега сме малку под притисок. Сега тимот треба да се врати. Фокусот е многу важен. Ова е многу млад тим, најмладиот тим во Ла Лига. Мора да научиме дека треба да се бориме за победа. Ако е тежок натпревар, да се има чиста мрежа, тоа значи дека сите во тимот треба да се бранат. Се браниме како една единица. Зборувам не само да играме фудбал, туку и да се бориме, ова е важно. Бев играч за овој став. Не сакам да губам.
-Мислам дека треба да создадеме повеќе од ова во тимот, да се бориме повеќе за ова, да го добиеме натпреварот. Во некои ситуации на теренот го правиме тоа добро, но имаме простор да го подобриме. Долг е патот во Ла Лига. Вака гледам на тоа, да се бориме, [бидејќи] на крајот на сезоната сакаме да ја освоиме титулата, секако, ние сме Барселона. Затоа сакам да видам дека сите се борат, не само тимот, туку и персоналот, -рече Германецот кој издвои четворица играчи.
-Волјата е тука, гладот е таму за да го одбраниме нашаиот гол. Кога го гледам Пау [Кубарси] на 17 години, Ињиго [Мартинез], како играат, секој натпревар бранат навистина добро. Тоа е важно за нас. Исто така, Педри во средниот ред е неверојатно. Секој натпревар трча многу, вложува многу. На другите им оди одлично, но јас само сакам да зборувам за овие тројца бидејќи навистина се на највисоко ниво. Би рекол и Рафиња, -порача Флик.
Средбата Мајорка-Барселона се игра од 19 часот.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот