Поврзете се со нас

Шпанија

Флик се заблагодари за епитетот кој го доби од новинарите, но не лета во облаци: Ова брзо може да се промени

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона вчера го прегази Валјадолид и славеше со 7:0 на „Монжуик“, резутлат со кој каталонскиот гигант ја забележа четвртата победа на четвртиот меч во Ла Лига.

Барса останува перфектна и изгледа навистина разиграно до овој момент, а тоа ги натера шпанските новинари да го наречат Ханси Флик како најдобро засилување за клубот ова лето.

Жоан Лапорта не можеше да си дозволи да купи повеќе звучни имиња во овој летен преоден рок, но очигледно Флик извонредно се справува со тоа што го има, иако во тимот недостасуваат и клучни фудбалери како Араухо, Де Јонг и Гави поради повреди.

– Целта беше да победиме на првите четири меча и го направивме тоа. Очигледно публиката е задоволна од нас и јас многу сум среќен. Навивачите на секој агол од градот ми укажуваат поддршка. Има добра енергија меѓу сите и тоа е важно во овој момент. Сакаме да го дадеме најдоброто од себе на секој натпревар, овие навивачи го заслужуваат тоа.

– Горд сум што ме нарекувате најдобро летно засилување за тимот, но ние сме само во четвртото коло и ова може брзо да се промени. Задоволен сум бидејќи фановите се среќни, но мора да продолжиме исто. Да бидеме понизни и скромни, патот ќе биде долг до крајот на сезоната. Целта е да бидеме подобри на секој нареден меч, сега следи пауза поради репрезентации и тоа ќе дојде добро во овој момент, – изјави Ханси Флик.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни