Шпанија
Флик се огласи за иднината на Араухо откако Барса ја одби првата понуда од Јувентус
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2025/01/flik-slusalka.jpg)
Ханси Флик го искористи обраќање во прес-конференцијата во Џеда за да го најави големото финале против Реал Мадрид во Суперкупот, но исто така мораше да се занимава и со прашања поврзани за се поголемите шпекулации околу иднината на Роналд Араухо.
Шпанските медиуми рано утрово пренесоа дека Барселона ја одбила првата понуда од Јувентус вредна 35 милиони евра, а Флик како тренер на Барселона не замислува сценарио во кое би го загубил Уругваецот во овој зимски преоден рок.
Последни информации велат дека Барселона би се согласила за трансфер само ако некој клуб достигне 70 милиони евра, што според нив е фер отштета на 18 месеци пред истекот на актуелниот договор.
– Уште кога пристигнав да бидам тренер на Барселона, имаше големи шпекулации за иднината на Араухо. Роналд претрпе тешка повреда и се врати после ужасен период кој го остави зад себе.
– Секој ден е се посилен и подготвен е за игра. Тој е одлична опција за нас и станува збор за голем професионалец. Мислам дека добро го пазиме откако се врати на тренинзите, сметам дека може многу да ни помогне. Не е моја работа да зборувам за шпекулациите, јас само можам да кажам дека го сакам во мојот тим. Роналд е ден од најдобрите дефанзивци во светот, – порача Флик.
-
Светски првенства15 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП13 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија12 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија23 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал