Поврзете се со нас

Шпанија

Флик пресудил: Зимското засилување на Чави нема иднина во првиот тим, Барселона бара брзо решение

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона вчера го официјализираше Дани Олмо и фантастичниот шпански репрезентативец ова утро го одработи првиот тренинг, сесија на која недостапен бил играчот кој по се изгледа е пред заминување од Каталонија.

Витор Роке не се појавил на денешниот тренинг кој требаше да биде прв за него по турнејата во САД, па иако клубот вели дека има одредени здравствени проблеми, медиумите додаваат дека тоа не е единствената причина за изостанокот.

Угледните извори од Каталонија информираат дека Ханси Флик и дефинитивно го прецртал зимското засилување на Чави Ернандес, откако проценил дека му е потребно повеќе време и простор за докажување во клуб во кој ќе има позначајна улога.

Планот на Барса е брзо да му пронајде клуб во кој ќе оди на позајмица, но останува да видиме дали тоа ќе биде прифатено и од Бразилецот чиј агент се закануваше на крајот на минатата сезона.

Претставникот на Роке најавуваше дека неговиот играч нема да прифати позајмица како играч на Барселона, бидејќи има други доволно атрактивни дестинации каде може да игра со договор на повеќе години.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни