Поврзете се со нас

Шпанија

Флик повика 23 играчи за дуелот со Осасуна, на списокот има едно изненадување (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона порано од предвиденото им се враќа на клупските обврски и оваа вечер ќе се соочи со Осасуна во рамките на Примера, меч кој претходно беше одложен поради смртта на докторот на каталонците.

Ниту Барселона, ниту Осасуна не сакаа да играат во овој термин, меѓутоа Ла Лига и шпанската федерација останаа на својот став, одбиени беа жалбите на двете екипи, па вечерва од 21 часот ќе гледаме фудбал на „Монжуик“.

Пред се каталонците сакаа да добијат поголем одмор со оглед на напорниот распоред и бројот на играчи кои беа активни за своите селекции во изминативе две седмици, па токму поради тоа вечерва недостапен нема да биде Рафиња кој вчера со својот Бразил го играше дербито со Аргентина.

Тренерот Ханси Флик веќе најави дека Бразилецот нема воопшто да биде во комбинација како и Уругваецот Роналд Араухо, меѓутоа ситуацијата се промени кога е во прашање дефанзивецот. Имено Араухо се најде на листата од 23 играчи за вечерашниот меч и тоа откако самиот тоа го побарал од тренерот Флик уверувајќи дека се е во ред, поточно дека е одморен и спремен да помогне ако е потребно.

Роналд не настапи против Боливија и тоа позитивното во неговиот случај, ама прашање е дали воопшто вечерва ќе биде користен од тренерот ако нема потреба затоа што како стартери се најавени Гарсија и Мартинез кој закрепна од повредата.

На листата и е Пау Кубарси кој мораше предвеме да го заврши престојот во националниот тим, а тука е талентираниот Алексис Олмедо кој изминативе денови тренирал со првиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни