Поврзете се со нас

Германија

Флик посакува сензационален ангажман: Подзаборавеното „Златно момче“ на Германија пред враќање во Баерн (Фото)

Објавено

на

Ханси Флик загуби неколку важни играчи кои беа клучни во успесите на Баерн Минхен минатата сезона, па повеќе од јасно е дека Баерн Минхен до крајот на летниот преоден рок ќе се обиде да доведе засилувања кои ќе му овозможат на тренерот да има позитивна конкуренција во тимот.

Шампионот на страшен начин ја започна новата сезона и буквално го торпедираше Шалке 04 со неверојатни 8:0, натпревар на кој еден од најдобрите на теренот беше најголемото засилување за баварците, Лерој Сане. Крилниот фудбалер засега е единствениото звучно име кое Баерн го доведе, но во последните неколку часа, од Германија ни пристигнува една сензационална вест за интересна операција.

Имено, угледниот „Спорт Билд“ излезе со своја инсајдерска информација за последната голема желба на тренерот Флик, кој сака да му даде шанса на позаборавеното „Златно момче“ на Германија.

Марио Геце има улога на слободен агент откако му заврши договрот со Борусија Дортмунд на крајот на минатата сезона, а Флик во него гледа идеална замена за Фелипе Кутињо кој се врати во Барселона по завршувањето на позајмицата. Флик кој беше помошник на Лев на незаборавното Светско првенство од 2014-та година многу добро го познава Геце, а „Билд“ открива дека тренерот на Баерн веќе стапил во контакт со него, или поточно му се јавил во телефон за да го информира за неговиот интерес.

Истиот медиум информира дека одговорните лица на Баерн не се најсигурни за реализирање на оваа зделка која клубот нема да го чини ништо, но дефинитивно постои шанса да му ја исполнат желбата на тренерот кој дефинитивно заслужи голема репутација после она што го направи изминатава сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни