Шпанија
Флик покажа класа и му се извини на играчот кој не доби шанса да дебитира (Видео)

Ханси Флик ги воодушеви навивачите на Барселона со филозофијата и пристапот кој го применува во Барселона, но уште повеќе ги освои фановите со вчерашниот потег по мечот со Валјадолид.
Каталонскиот гигант го прегази аутсајдерот и славеше со неверојатни 7:0 на „Монжуик“, фудбалска забава во која Ханси Флик им даде шанса и на играчи како Серхи Домингез и Пабло Торе.
На тој начин, германскиот тренер им овозможи деби на сите играчи кои ги има на располагање во овој момент, освен на Хектор Форт кој вчера доби и објаснување и извинување по крајот на средбата.
Симпатичниот момент се случи по последниот судиски свиреж, кога Ханси Флик наместо да слави, го прегрна младиот дефанзивец и му се извини што не го ставил во игра.
Форт се загреваше во второто полувреме и очекуваше шанса од клупата, но на крајот не дочека такво нешто и ќе мора да почека за нова шанса.
Со исклучок на голманите, тој е единствениот играч кој не добил шанса за игра од оние кои се на располагање, што доволно говори дека Ханси Флик знае добро да менаџира и во ситуација кога му недостасуваат доста првотимци.
Me encantó este detalle de Flick con Héctor Fort. Lo tuvo calentando y al final no jugó ni un minuto. Al terminar el partido habló con él, le dio un abrazo y le pidió perdón. Detalles que marcan la diferencia. pic.twitter.com/cxdkpv3bZG
— -1899- (@_Futbolero_) September 1, 2024
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Шпанија16 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)