Лига на шампиони
Флик подготвува една важна промена во стартната постава за големото финале со ПСЖ
Резултатски гледано, Баерн Минхен доста лесно се справи со Лион и се пласираше во големото финале во Лигата на шампионите, но оние што го гледаа натпреварот, сигурно ќе се согласат и ќе потврдат дека баварскиот великан имаше многу среќа во раната фаза на мечот, моменти кога францускиот состав не реализираше две колосални шанси.
Ова го призна и самиот Мануел Нојер како капитен на германскиот првак, а што се однесува со експертизите на аналитичарите, најгруб беше легендарниот Рио Фердинанд кој посочи дека Баерн Минхен ќе прими три гола „додека трепне“ ако игра толку разредено во средината и нападот како што беше вчера.
Во иста насока одеа и најголем дел од анализите на германските експерти, а сега угледните медиуми од оваа земја најавуваат дека тренерот Ханси Флик ќе направи една важна промена во стартната постава за големото финале кое в недела се игра во Лисабон.
Баерн имаше доста пропусти во средниот ред на вчерашниот натпревар и дозволи некои лесни контри кои би можеле да бидат кобни против играчи како Мбапе, Нејмар и Ди Марија, па јавноста од Германија смета дека жртва во тактичката промена на Флик ќе биде Тиаго Алкантара.
Самиот тренер посочи дека тимот ќе мора да биде далеку покомпактен против ПСЖ уште вчера по завршувањето на полуфиналето, по што медимите веруваат дека тоа е јасна најава за промената која ќе ја воведе во тимот, а која е и многу логична.
Со оглед на тоа што Павар ја санираше повредата, се верува дека тој ќе се врати на десната бековска позиција кадешто беше стандарден, додека местото на Тиаго Алкантара во средниот ред се очекува да го заземе Јошуа Кимих.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција