Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик по значајната победа на Барселона: Горд сум на тимот, одигравме…

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона повеќе од 70 минути играше со играч помалку на гостувањето кај Бенфика, но без разлика на тој хендикеп успеа да пронајде начин да ја сочува својата мрежа, да слави со 1-0 и да направи значаен исчекор кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Младиот Кубарси заработи црвен картон во првиот дел по што работите на теренот се променија, Барса мораше многу повеќе да внимава на својот гол, ама во исто време создаде неколку шанси, полушанси од кои една искористи во 61 минута кога мајсторски стрелаше Рафиња.

-Многу сум горд на тимот. Откако останавме со 10 играчи во 22. минута, ова беше одличен настап на играчите. Одигравме интелигентен натпревар. Денеска имавме добар голман, кој беше фантастичен за нас. Се браневме како единица и тоа е најважното. Среќен сум за нив, -истакна тренерот Ханси Флик кој со една реченица ја опиша партијата на Педри.

-Тој е на брутално, неверојатно ниво. Ние сме среќни за него, -рече Германецот кој знае дека е Дани Олмо бил разочаран откако беше заменет во првиот дел токму по црвениот картон на Кубарси.

-Се случува, морав да изберам. Тоа немаше никаква врска ниту со него, ниту со неговиот настап, туку само со тактички прилагодувања. Мислам дека ги направивме вистинските промени во играта, -порача стратегот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни