Лига на шампиони
Флик по првиот пораз на Барса: Сигурен сум што следи за нас во ЛШ
Барселона остана со играч помалку уште во 10-та минута поради недоразбирањето на Тер Штеген и Гарсија, а исклучувањето на стоперот и тоа како влијаеше врз резултатот на натпреварот во Лигата на шампиони.
Монако во неполни два месеци и го нанесе вториот пораз на Барселона, но овој е прв на службен натпревар за каталонскиот великан, па така Ханси Флик за првпат ја почувствува горчината на неуспехот од стартот на сезоната.
Првиот пораз во ерата на германскиот стручњак доаѓа после фантастичната низа во шпанската Ла Лига, но барем засега, Барса се уште се соочува со доста проблеми кога игра во европската елита.
Ханси Флик беше запрашан дали тоа се должи на неискуството кое преовладува во тимот, меѓутоа новиот тренер отфрли вакво сценарио и најави дека Барселона ќе се бори со најдобриот на стариот континент оваа сезона.
– Добивме црвен картон во 10-та минута и тоа промени се на теренот. Вакви работи се случуваат во фудбалот и мора да ги прифатиме. Мислам дека сме доволно силни за да играме против било кого во Лигата на шампионите. Ова беше само старт, сигурен сум што следи за нас во Лигата на шампиони. Ни преостануваат уште седум меча во групната фаза и ќе победиме на многу од нив. Сигурен сум дека ќе ги оствариме зацртаните цели, – изјави Флик.
-
Лига на нации24 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Лига на нации21 час
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)
-
Лига на нации20 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Антоан херој, Пелистер го сруши шампионот во Битола
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ: Не е лошо за еден старец…
-
Италија24 часа
Хумелс откри кога ќе дебитира за Рома: Дефинитивно ќе играм…
-
АТП10 часа
Тони Надал го избра најтешкиот пораз на Рафа во кариерата: Бев уништен после тоа финале со Ѓоковиќ (Видео)
-
Боречки спортови10 часа
Спектакл во Ријад: Бетербиев го победи Бивол и стана асполутен шампион во полутешка категорија (Видео)