Поврзете се со нас

Шпанија

Флик по поразот од Лас Палмас: Дел од фудбалерите се „исклучија“ и мора да зборуваме за тоа

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона освои само еден бод на последните три натпревари во Ла Лига, со што ја прокоцка предноста на табелата и ги загрижи своите фанови поради слабата форма во домашното првенство.

Тренерот Ханси Флик смета дека нема место за голема паника и по поразот од Лас Палмас на домашен терен, но ќе побара објаснување од дел од фудбалерите кои според него не помагале во играта во одбрана.

– Верувам во моите фудбалери, имаме добар тим и вакви натпревари може да се случат секогаш.

– Кога играме како тим, кога сите играат добро во одбрана и таа фаза започнува уште од нападот, тогаш можеме да победиме секого.

– Но, кога дел од фудбалерите не го прават тоа и се „исклучуваат“ од договорената шема, тогаш мора да зборуваме за тоа.

– Ако ги погледнете головите на Лас Палмас, направиме неколку грешки, но тие не беа само кај последната четворка, туку и претходно, – истакнал Флик.

Барса веќе во вторник има соочување со Мајорка, а дотогаш ќе има два бода предност во однос на Атлетико Мадрид, додека Реал Мадрид денеска против Хетафе има можност да дојде на минус еден, со натпревар помалку од Каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни