Поврзете се со нас

Шпанија

Флик по новиот тежок удар: Се уште не добив објаснување за тоа што се случи во Сан Себастијан

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона во период од три кола почна да ја испушта убавата предност која ја имаше на првенствената табела, па доколку Реал победи против Хетафе и на заостанатиот меч со Валенсија, „кралевите“ ќе бидат првопласирани во шпанската Ла Лига.

По поразот од Реал Сосиедад и ремито со Селта Виго, Барса денеска беше шокирана од Лас Палмас на домашен терен, но за разлика од претходните два меча, тимот на Ханси Флик денеска создаде огромен број шанси, но имаше навистина лоша реализација.

– Не бевме добри ако се гледа севкупно, создадовме доволен број шанси, но бевме лоши со ефикасноста. Шансите кои ги создадовме во вториот дел беа доволно добри, но потфрливме со реализацијата.

– Добра вест е што се боревме до самиот крај, се обидовме да дојдеме до подобар резултат, но ова не беше наш ден пред противничкиот гол.

– Овој пораз нема ништо слично со претходните два натпревари, секој меч е приказна за себе. Против Реал Сосиедад постигнавме гол, но ни го поништија поради офсајд кој не ми го објаснија. До денешен ден, не добив објаснување.

– Тоа помина и не може да промените ништо. Во Виго водевме 2:0, добивме црвен картон, па примивме два гола. Направивме грешки и дозволивме враќање на противникот. Секој натпревар е различен и нема врска со претходниот, затоа не треба да се зборува за криза. Ако играме добро, треба да победувме против било кој ривал, – потенцира Ханси Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни