Поврзете се со нас

Шпанија

Флик: Ова што се случува со судиите во Шпанија е страшно

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона од највисока позиција на табелата ги дочекува новите предизвици во Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на последната прес-конференција дал коментар и за актуелната ситуација поврзана со шпанските судии.

Реал Мадрид направи голем притисок врз арбитрите со своите реакции за неколку натпревари, за кои смета дека тимот на Карло Анчелоти бил сериозно оштетен, а судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро не можел да го напушти својот дом поради смртните закани кои ги добивал откако му додели црвен картон на Џуд Белингам.

Флик застанал во одбрана на судиите и побарал промена во начинот на однесување кон нив од страна на клубовите и јавноста.

– Она што се прави со судиите во моментов е страшно.

– Мора да размислувате и за нивните фамилии, сите правиме грешки, вклучувајќи ме и мене. Одговорност на фудбалерите и тренерите е да ги заштитат, не ми се допаѓа она што се случува.

– Трошиме премногу енергија за дискусии со нив, но треба да сфатиме дека тие ги носат одлуките и да престанеме со тоа. Порано немаше ВАР, сега има, треба да им веруваме на арбитрите. Федерацијата мора да покаже цврст став, мора да ги заштитиме судиите бидејќи не можеме да играме без нив, – рекол Флик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни