Шпанија
Флик откри зошто Де Јонг му го „украде“ местото на Касадо во стартната постава

Ханси Флик најави нови ротации за утрешниот натпревар против Реал Сосиедад во шпанската Ла Лига, јасно штедејќи сили за тоа што следи, односно осминафиналето против Бенфика во Лигата на шампиони.
Германскиот стручњак има извонредни месеци како тренер на Барселона и неговиот тим не знае за пораз во 2025-та година, а на стартот на месец март, Барса е во игра за сите титули до крајот на сезоната.
Откако славеше во Суперкупот, Барселона се наоѓа во доста добра позиција и во Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампиони, па целта на Флик е да се извади максимумот што може.
– Повторно ќе одмориме неколку играчи и ќе играат некои други. Напорниот распоред не смее да ни служи како изговор, истото важи и за екипите од Германија, Англија и другите стрени на Европа. Имаме свежи фудбалери и во игра сме во три натпреварувања. Мора да ги балансираме силите и ќе се бориме за трите титули. На стартот на сезоната, никој не можеше да замисли дека ќе бидеме во ваква позиција на 1-ви март, – изјави Флик, кој пред обраќањето со Реал Сосиедад, откри како Френки Де Јонг успеал да го потисне Марк Касадо во стартната постава.
– Френки многу се подобри во последните месец дена и нуди поразлични карактеристики од Марк. Касадо повеќе е во дефанзива, тој секогаш работи за тимот и задоволни сме од него. Тој е добар и може да се подобри, но може да биде горд на својата прва сезона во Барселона. Со Френки сега добиваме нешто друго, имаме повеќе посед на топка и знае да се справи во некои поразлични ситуации, – објасни Флик.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Драма во судиското продолжение во Скопје: Миовски го искористи подарокот од Ален, Брукс го спаси Велс од пораз во 96.минута (ВИДЕО)