Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик одново го издвои тивкиот работник по победата над Црвена Звезда: Тој е добар пример за сите во тимот

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик во првите два месеци од работата во Барселона отворено призна дека е најпријатно изненаде од Жул Кунде, дефанзивецот кој самиот тој го нарече најголем професионалец во првиот тим на каталонците, но и воопшто од големите ѕвезди со кои соработувал во кариерата.

Тренерот на Барселона го однесе Французинот на едно друго ниво во споредба со минатата сезона и Кунде вчера испорача три асистенции во победата над Црвена Звезда, издание поради кое одново доби позитивни зборови од својот тренер.

Покрај тоа што ја коригираше играта во одбрана, добрата поставеност прави да има извонреден учинок и во офанзивните акции, за што доказ е неговиот настап во Белград.

– Кунде е добар пример за сите во тимот, за сите останати играчи во соблекувалната. Значително ги поправи своите настапи откако работиме заедно.

– Тој е голем професионалец и секогаш е концентриран на тоа што се случува на теренот. Навистина го ценам тоа што го прави за тимот и навистина е убаво да се види како учествува со асистенции како на натпреварот со Звезда, – изјави Флик и додаде.

– Среќен сум за трите бода, ова се важни бодови за нас. Не е лесно да се игра на гости во Лигата на шампиони, Звезда играше добро и не беше лесно да се браните од нивните напаѓачи. Мојот тим беше концентриран и се радувам на триумфот, – заврши Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни