Поврзете се со нас

Шпанија

Флик објасни зошто најголемото летно засилување нема да игра против Валенсија: Не е во добра физичка кондиција

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона не успеа навреме да го регистрира Дани Олмо за стартот на сезоната во шпанската Ла Лига, па така офазивниот фудбалер утре нема да биде дел од големото дерби на „Месталја“.

Валенсија и Барса ќе ги одмерат силите во највозбудливиот натпревар во почетната рунда, но наместо најголемото летно засилување, Барселона за овој меч го регистрираше Ињиго Мартинез.

Ханси Флик на соочувањето со новинарите не сакаше да открива со која стартна постава ќе излезе утре во Валенсија, но накратко порача дека клубот не брзал за регистрација на Олмо и поради тоа што репрезентативецот не е во најдобра форма.

– Олмо не е во добра физичка кондиција и потребно е да мине одредено време. Почна доцна да тренира со нас и треба да внимаваме и да го чуваме. Нема да игра утре против Валенсија, ќе го сочуваме за периодот кога ќе биде целосно подготвен да ни помогне.

– Не сакаме да ризикуваме повреди, премногу е рано за да се прават било какви ризици. Сакаме сите да бидат дел од тимот, но без ризик да го завршат мечот со повреда, – објасни Флик.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни