Поврзете се со нас

Шпанија

Флик објасни зошто Барселона е вистински клуб за него: Два фудбалски аспекти отскокнуваат во нашата филозофија!

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик денеска стана само третиот Германец кој станал тренер на фудбалскиот великан Барселона, наследувајќи го Чави Ернандес на клупата како шеф на стручниот штаб.

Доскорешниот германски селектор не се прослави како лидер на „панцирите“ и беше јасно дека брзо ќе му се врати на клупскиот фудбал, а вратата која му се отвори во Барселона едноставно беше препримамлива за одбивање.

Флик стави потпис на двегодишен договор и ќе биде третиот Германец по Латер и Вајсвајлдер кој ќе ја води Барселона, но што е најважно, неговиот стил на размислува целосно се поклопува со филозофијата која ја негува Барса.

Во своето прво обраќање како тренер на каталонскиот гигант, Германецот ги издвои двата аспекти кои прават тој и Барселона да бидат вистинскиот пакет, па сега останува да се види дали навистина ќе биде така и на теренот.

– Сакам да им се заблагодарам на сите вклучени во оваа операција која се реализираше. Голема е честа и вистински сон е да се потпише за Барселона, да се биде дел од овој голем клуб. Имам многу голема желба да почнам, навистина сум мотивиран. Станува збор за неверојатен клуб. Освоив неколку големи титули во Баерн и се надевам дека ќе продолжам по тој пат и во Барселона.

– Од првиот момент кога пристигнав тука, брзро сфатив дека цел свет крева прашина за овој клуб. Филозофијата која ја негува Барселона целосно се совпаѓа со мојата: Висок пресинг на топката и офанзивен фудбал, тоа се двата фудбалски аспекти кои најмногу ми се допаѓаат и кои треба да ги гледаме во Барса, – најави Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни