Шпанија
Флик објасни каков е планот на Барселона по тешката повреда на Тер Штеген
Барселона нема многу време за одмор и веќе подготвува нов натпревар во Ла Лига, оној против Хетафе на домашен терен кој е закажан за утревечер во 21:00 часот.
Каталонскиот гигант ќе го пречека мадридскиот ривал со импресивна серија на победи во домашното првенство (шест од шест), а во најавата за мечот, тренерот Ханси Флик доби и први поконретни прашања за чекорите кои планира да ги преземе клубот по лошата вест од неделата.
Марк Андре Тер Штеген заработи тешка повреда на коленото и ќе биде во аут најмалку осум месеци, па сега Барселона се најде во ситуација да бара решенија во вид на слободни агенти, или во вид на штотуку пензионира голмани како Шчесни и Браво.
Флик денеска ја информираше јавноста дека прво решение на стручниот штаб и на клубот е Ињаки Пења, но истовремено ќе се разгледува кој може да пристигне како надополнување за вториот голман.
– Ињаки имаше многу добри подготовки и целосно му веруваме. Работеше многу напорно за да остане тука. Тој е концентриран и подготвен за игра. Целосно му веруваме, но исто така мора да разгледуваме и опции за пополнување на местото. Останатите голмани кои ги имаме се многу млади. Во овој момент не сме под притисок, го имаме Ињаки и веруваме во него, но ќе видиме што ќе донесе иднината, – изјави Флик.
-
Евролига10 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија22 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Италија22 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија11 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Македонија23 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
Евролига21 час
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
„Кралевите“ во акција, бираат засилување за десната бековска позиција
-
АТП23 часа
Фриц: Чекам победа над Ѓоковиќ, се надевам…