Шпанија
Флик незадоволен: Не сум среќен, овде не се работи за Барселона и Реал…

Барселона ја очекува тежок распоред во наредниов период, а како тоа да не беше доволно одложениот меч со Осасуна ќе мора да го игра утре на „Монжуик“ од 21 часот.
Во ситуација кога најголемиот дел од играчите имаа репрезентативни обврски, немаа доволно одмор за закрепкување, дури и некои беа активни рано утрово како што беше Рафиња кој играше против Аргентина, лидерот во Примера ќе мора да се снаоѓа и да пронајде начин да ја оправда улогата на фаворит.
-Играчите играа во своите репрезентации, а сега е време да играме утре. Откако го имаме Леганес на гости во 21:00 часот, играме доцна, стигнуваме доцна. Ќе имаме малку одмор. Тоа е поврзано со закрепнувањето на играчите. Не сум среќен поради ова. Ги гледате другите лиги, како се справуваат со тоа, со Лигата на шампионите, тоа е сосема поинаку. Не се работи за Реал Мадрид против Барса, туку за заштита на шпанските тимови.
-Но, не можеме да го промениме тоа, ќе играме и секогаш сум велел дека нема изговори. Тимот е подготвен и можеме да победиме на секој натпревар. Сега размислувам позитивно за ова. Мора да го прифатиме. Така решија. Не можеме да го промениме. Работа на УЕФА или ФИФА е да одлучат дали играчите можат да се одморат. Можеби тоа е единствената опција, да кажат два-три дена одмор. На крајот, така е. Ла Лига даде зелено светло, -порача Германецот.
Потоа Барса на 30 март игра со Џирона, додека на 2 април го игра реваншот со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Копа Дел Реј.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…