Поврзете се со нас

Шпанија

Флик нема да смета на важен играч за премиерата против Валенсија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона вечерва има незгодно гостување кај Барселона на отворањето на новата сезона во Ла Лига, а тренерот Ханси Флик веќе потврди дека во составот нема да биде вклучен Дани Олмо.

Големото засилување не е подготвено за деби во дресот на новиот клуб, но тоа се случува со еден важен фудбалер кој сигурно ќе беше стартер на денешната средба.

Илкај Гундоган заработи повреда на главата на средбата со Монако и лекарскиот тим не му дал зелено светло за да патува со своите соиграчи во Валенсија, па Флик ќе мора да се снаоѓа без својот сонародник.

Барселона ги потврди фудбалерите кои ќе бидат во комбинација, а каталонски „Спорт“ потенцира дека сепак мало изненадување е што во составот го нема Клеман Ленгле иако тој се поврзува со заминување од клубот.

Микаел Фаје и Витор Роке се уште не се ни регистрирани и не се во комбинација додека и за нив се бара нов клуб, додека Ињиго Мартинез, Пау Виктор и Пабло Торе си добија место во тимот, исто како и Педри кој веќе редовно тренира со екипата.

Натпреварот се игра вечерва од 21:30 часот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни