Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Флик нема да ги послуша советите од Фердинанд: Тие се многу брзи, но ние нема…

Објавено

на

Менаџерот на Баерн Минхен, Ханси Флик истакна дека не планира да ја менува тактиката пред финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ иако се соочува со сериозна закана од противничките фудбалери.

По крајот на полуфиналниот натпревар против Лион, стручниот аналитичар за „БиТи Спорт“, Рио Фердинанд истакна дека Баерн Минхен ако не ја промени тактиката против ПСЖ ќе губи со 3:0 додека да трепнат, а Флик не се откажува од неговата намера.

– Имаме резултати играјќи така. Тоа што го забележав е дека иако сме високо поставени, не мора да му даваме многу простор на противникот, но јасно е дека ќе има простор зад нашата дефанзивна линија.

– Она што е важно е дека можеме да го притискаме противникот кога имаме посед, но мора да бидеме сигурни дека ќе го покриваме сето тоа што ќе се отвори како простор назад. Мора да ги пресечеме нивните пасови и не смееме да дозволиме да додаваат во нашиот простор. Имаат брзина и се топ тим со неверојатни играчи, -изјави Ханси Флик.

Ваквиот став на германскиот стратег јасно дава до знаење дека вечерва ќе гледаме еден отворен и убав фудбал за око.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни