Светски првенства
Флик не отфрла шокантно сценарио по големото разочарување на мундијалот во Катар

Ханси Флик максимално ја презема одговорнсота за елиминацијата на Германија во групната фаза на Светското првенство, а по јаловата победа над Костарика, најави дека ќе следи детална анализа на сработеното и не отфрли можно шокантно сценарио.
Иако дојде во репрезентацијата на Германија да направи големи промени и мини револуција во тимот, една година подоцна го доживеа првото големо разочарување на најзначајниот турнир, по што одби да отфрли и поднесување на оставка по само 15 месеци како селекторот на „панцирите“.
– Разочарувањето е огромно, не ја обвинувам Шпанија. Тоа беше друг натпревар, а јас никогаш не ги гледам другите тимови. Вината е наша, не направивме доволно. Имавме доволно шанси за да се пласираме во осминафиналето, не реализиравме многу прилики против Шпанија, а особено против Јапонија.
– Има толку многу причини за елиминацијата, но никогаш нема да барам изговори. Немавме доволно време да се воиграме пред турнирот, но нема да се потпираме на тоа. Ја завршивме нашата работа против Костарика, но тоа не беше доволно. Моравме да бидеме многу подобри од ова, не го исполнивме стандардот на Германија.
– Оставка? Брзо ќе донесеме одлука за тоа. Тешко е да се одговори во овој момент по натпревар кога доживуваме елиминација. Ќе дознаете за тоа многу брзо, – изјави Флик.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти