Шпанија
Флик му симна капа на Симеоне: Посебно го почитувам поради една работа
Атлетико Мадрид во најдобар дел од сезоната гостува во Барселона и утре ќе одигра големо дерби против каталонскиот великан, факт со кој е запознаен и тренерот на домаќините, Ханси Флик.
Тимот од шпанската престолнина е во импресивна победничка серија и забележа 11 триумфи на последните 11 натпревари, а дополнително добра вест за гостите е и тоа што Барселона на утрешното дерби на „Монжуик“ нема да може да смета на Ламин Јамал.
– Мора да прифатиме дека Ламин е повреден и дека не може да ни помогне утре. Ќе игра друг играч на негово место. Имам неколку опции во глава, но одлуката не ми е донесена. Мора да почекате до утре за да дознаете кој ќе игра на негово место.
– Атлетико е во низа од 11 победи во серија и не чека многу тежок натпревар против извонреден ривал. Очекувам спектакуларен меч кој ќе биде убав за сите. Максимално ги почитувам, но ние сме подготвени за нив и одиме на победа.
– Симеоне? Го води Атлетико на повеќе од 700 натпревари и навистина е неверојатен. Врши фантастична работа од самиот старт и навистина многу го почитувам. Посебно го почитувам поради една работа, поради неговиот карактер. Неговиот тим е како неговиот карактер, секогаш е емотивен со својот тим. Почитта ќе остане и после утрешниот меч, но сега планот ми е да го победиме, – изјави Флик.
-
Свет19 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства10 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Репрезентација19 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Светски првенства9 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија11 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија11 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија9 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)