Шпанија
Флик: Многу ни помогна, затоа е број еден

Барселона денеска има соочување со Осасуна во Ла Лига, меч кој ќе се обиде да го добие и остане на врвот во шпанскиот шампионт и по оваа 27 рунда.
Најголемите ривали, конкуренти Атлетико и Реал Мадрид играат утре што значи дека Барса со победа може притисокот да го префрли на клубовите од шпанската престолнина пред дуелите со Хетафе, односно Рајо Валјекано.
За да каталонците бидат поблиску до посакуваната цел, најдобро е да ја сочуваат мрежата, а за тоа е задолжен Војчех Шчесни кој се наметна и добива комплименти особено по настапот што го имаше против Бенфика во ЛШ.
-Тоа е негова работа, така ќе ги поставам работите. Останатите играчи се бранеа одлично против единаесет, но секако дека многу ни помогна. Тоа е негова работа. Затоа, во моментов, тој е број еден, -истакна Флик кој верувал дека Полјакот е вистинско решение по повредата на Марк Андре Тер Штеген.
-Кога гледате играчи кои знаете како играле претходно и ги гледате на тренинзи, добивате чувство. Не сум единствениот кој одлучува. Имам одличен штаб околу мене и многу зборуваме за перформансите на играчите и за тоа што можат да придонесат. Така го водиме тимот. Мене ми беше јасно дека може да стигне овде, исто и на другите тренери. Тоа не е одлука на еден човек. Јас одлучував за работите, но секогаш сакам да знам што мислат другите, -порача Германецот.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)