Поврзете се со нас

Шпанија

Флик лут и разочаран по повредата на Олмо: Лоша вест за нас, ова не беше…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона ја оправда улогата на фаворит и славеше над Осасуна со 3-0 во заостанатиот меч во шпанската Примера, победа која донесе и една лоша вест за каталонците, а тоа е повредата на Дани Олмо.

Барса како и Осасуна беа против овој натпревар да се игра на овој датум, но Ла Лига си го истера своето и натпреварот се одигра во терминот кој на крајот донесе повреди за двете екипи што е огромен проблем со оглед на распоредот.

-Олмо е повреден. Има многу натпревари во овој календар и тој ќе пропушти некои и тоа е лоша вест за нас.

– Мислам дека тоа не беше најдобриот датум за играње. И ние скапо плативме бидејќи повредата на Олмо не е добра за нас, -истакна тренерот Ханси Флик.

Првичните вести се дека офанзивецот ќе биде во аут 2 до 3 недели што значи дека ќе пропушти дуели во неколку натпреварувања Примера, Копа Дел Реј и Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни