Поврзете се со нас

Шпанија

Флик ја лоцираше одговорноста за првиот пораз на Барселона

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Барселона синоќа загуби од Осасуна со резултат 4:2, што е прв пораз за Каталонците под водство на новиот тренер Ханси Флик.

Германскиот стручњак реши да направи сериозни промени во составот, Јамал и Рафиња беа дел од играчите кои останаа на клупата, па Барса го загуби досегашниот перфектен учинок во лигата.

– Направивме многу промени во тимот и ова сигурно влијаеше на настапот и резултатот.

– Вакво нешто беше потребно, имаме многу натпревари, многу фудбалери имаа голема минутажа, мора да се грижам за тој елемент и тоа е моја одговорност. Ако барате виновник за поразот, тогаш обвинете ме мене, – рекол искрениот Флик.

– Во второто полувреме се обидовме да дојдеме до подобар резултат, намаливме на 2:1 и имавме неколку шанси, но пеналот беше клучен. Имам позитивно мислење за тимот, продолжуваме натаму и ќе покажеме дека сме на добар пат на следните натпревари со Јанг Бојс и Алавес, – дополнил тренерот на Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни