Поврзете се со нас

Германија

Флик издвои двајца играчи кои се истакнале во победата на Баерн

Објавено

на

Баерн Минхен успешно го реализираше и вториот предизвик откако фудбалот се врати во Бундеслигата, односно по Унион Берлин беше совладан составот на Ајнтрахт Франкфурт со 5-2.

Со ова баварците ја продолжија позитивната серија на резултати, но и предноста од четири бода во однос на најголемиот ривал за пехарот Борусија Дортмунд, тим со кој на 26 мај ќе се соочи на „Сигнал Идуна Парк“.

Тренерот Ханси Флик беше задоволен од победата, но притоа издвои двајца играчи-тоа се Томас Милер и Давид Алаба.

-Бев многу задоволен од првото полувреме. Бевме многу сконцентрирани. Направивме многу шанси за гол. За жал, не постигнавме доволно голови, можете тоа да го кажете. Можеше да има уште повеќе голови. Исто така не им дозволивме на нашите противници да создадат никакви шанси.

-Може да издвоите и двајца играчи. Еден е Томас Милер кој игра многу интелигентно и добро го зафаќа просторот. Ама тука се разбира е и шефот на одбраната, Давид Алаба, особено во првото полувреме каде одигра извонредно. Тоа би сакал да го посочам.

-Во второто полувреме му пуштивме на противникот да се врати. Бевме невнимателни пет, десет минути … мора да се браниме подобро и доследно. Знаевме дека ова е голема силна на Франкфурт. Им дозволивме да постигнат два гола, за жал.

-Ама реакцијата по тоа беше добра и ми се допадна. Потоа се обидовме повторно да постигнеме гол. Можевме да го решиме мечот со четврт и петти погодок, -истакна Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни