Поврзете се со нас

Шпанија

Флик истакна еден момент од тешката победа на Барселона: Тоа беше перфектен потег (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона вчера ги освои трите бода во дуелот со Леганес, но до нив дојде без посакувана доминација и со автогол постигнат од страна на домашниот фудбалер Хорхе Саенц.

Каталонците долго немаа удар во рамките на голот и мораа да се бранат по обидите на домаќинот да израмни, но тренерот Ханси Флик смета дека токму добрата игра во одбрана може да биде клучна во овој период од сезоната.

– Она што е најважно да се потенцира е посветеноста и залагањето на сите фудбалери.

– Понекогаш мислите дека натпреварите како тие со Борусија и Атлетико ги носат титулите, но тоа всушност се овие натпревари.

– Задоволен сум од начинот на кој се браневме, а потегот на Ињиго Мартинез на крајот беше перфектен, го прославивме како да сме постигнале гол, – рекол задоволниот Флик, алудирајќи на фантастичната интервенција на дефанзивецот во судиското надополнување, кога Мунир можеше да ги шокира гостите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни