Поврзете се со нас

Шпанија

Флик го смета за недопирлив играчот кој Чави беше решен да го продаде

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ханси Флик го прифати предизвикот да ја води Барселона и покрај тоа што клубот не може да му гарантира добри и големи засилувања, а доброто студирање на актуелниот тим било она што посебно го импресионирало Жоан Лапорта.

Претседателот на клубот на крајот реши да му врачи отказ на Чави како последица на неговите изјави дека тимот не е доволно конкурентен, па во своето јавно излагање нагласи дека морал да донесе тешка одлука откако Ернандес целосно го променил своето мислење.

Чави наводно побарал радикални промени во тимот со продажба на играчи како Левандовски и Рафиња, нешто што Лапорта сакал да го избегне во секој случај.

Левандовски и натаму е многу важен за проектот поради искуството и голгетерските квалитети, но покрај него, Ханси Флик како недопирлив го посочил и Рафиња чија иднина беше доведена во прашање ако останеше Чави.

Бразилскиот репрезентативец беше еден од најдобрите поединци на Барса во финишот од сезоната, а германскиот стручњак смета дека тој ќе биде клучен за неговиот тим и во сезоната која претстои.

Германски „Скај“ уверува дека Флик е презадоволен од карактеристиките кои ги има брзото бразилско крило, пред се поради непредвидливото движење кое остава и простор за играчи како Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни