Шпанија
Флик го прашаа за Олмо, а тој возврати: Тоа не е моја работа
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека се надева дека клубот ќе може што поскоро да го пријави Дани Олмо за натпреварите во шпанската Ла Лига.
Каталонците во моментов не можат да го направат тоа поради непочитување на финансискиот фер-плеј.Еден од шпанските херои од Европското првенство во Германија летово по десет години се врати во Барса.
„Тоа не е моја работа. Работевме добро оваа недела. Тој е подготвен за игра и се надевам дека ќе биде во тимот, тој би ни значел многу. Тој се претстави неверојатно на тренинзите и за нас е важно да игра што поскоро“, изјави Германецот стратег.
Тој се осврна на заминувањето на играчот од средниот ред Илкај Гундоган во Манчестер Сити.
„Се случува… Го познавам како човек и играч. Беше фантастичен играч за Барселона и германската репрезентација“, изјави Флик.
Барса утре го пречекува Атлетик Билбао, а баскиското крило Нико Вилијамс цело лето е на мета на Каталонците.
„Не е моја работа да зборувам за играчите на противничкиот тим. Билбао е физички силен тим и тие имаат одличен тренер. Ќе биде тежок натпревар”, смета Флик.
-
Балканпред 17 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 16 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 18 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 13 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 14 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед