Германија
Флик го „отпиша“ Милер: Разговарав со него…

Германија имаше лош настап на Светското првенство во Катар каде беше елиминирана во првата фаза што дефинитивно беше удар за оваа селекција и воедно фудбалот во оваа земја.
Повеќе од јасно е дека Германците сакаат многу подобри резултати со секако квалитетна игра, па селекторот Ханси Флик ќе мора да пронајде рецепт за да го врати сјајот на националниот тим. Еден од играчите кој беше дел од репрезентацијата на Мундијалот во Катар беше Томас Милер, па токму ветеранот е избришан од Флик за предизвиците во наредниот период.
Имено ѕвездата на Баерн Минхен нема да игра за селекцијата најмалку до јуни затоа што планот е да им се даде шанса на младите играчи, но и оние играчи кои имаат улога, ама сега да добијат поголема одговорност.
-Милер нема да биде дел од наредниве два репрезентативни собири. Тоа е разговарано со него, сакам да им дадам шанса на младите играчи во националниот тим. Не е проблем, -рече Флик за „Кикер“.
Ханси за друг медиум пак порака:
-Зошто треба да ја затворам вратата засекогаш за таков играч? Погледнете какво значење има за Баерн. Тој е навистина важен повторно и јас сум многу среќен поради тоа, -рече селекторот за „Зидојче Цајтунг“
-
Балканпред 12 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 11 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 19 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 22 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
Македонијапред 24 часа
Вардарци се огласија со драматично соопштение, одговори газдата на клубот: Мојата компанија доживеа финансиски крах…
-
Италијапред 23 часа
Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец