Поврзете се со нас

Шпанија

Флик: Една работа посебно ми се допадна во шпанскиот фудбал

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона го претрпе првиот пораз во ерата на Ханси Флик, а истиот пристигна од тимот кој успеа да слави на „Монжуик“ и во увертирата за новата сезона.

Монако ја победи Барса по вторпат во период од еден месец и покажа дека е незгоден ривал за каталонците, кои од друга страна немаат многу време за жалање, бидејќи веќе утре играат дерби пресметка во Ла Лига.

Лидерот на табелата ќе гостува кај Вилјареал кој исто така е разигран на стартот на шампионатот, но Флик денеска посочи дека главна цел се трите бода со кои брзо ќе се заборави поразот од Франција.

– Вилјареал е одличен тим и постигнува многу голови, но мислам дека ќе имаме многу опции за да оствариме победа. Треба да размислуваме позитивно и да гледаме напред. Натпреварот со Монако е зад нас, тоа беше само еден меч и продолжуваме напред. Подобро е да анализирате победа, но некогаш се учи од поразите.

– Игравме со девет играчи во поле и одлично се браневме. Сега сакаме да покажеме добар фудбал против Вилјареал и верувам во моите играчи. Во шпанскиот фудбал брзо се заљубив во една работа. Сите шпански екипи ја сакаат топката во своите нозе и тоа навистина ми се допаѓа. Очекувам двата тима да имаат свои моменти, но се надевам дека ние ќе си заминеме со победа, – изјави Флик во најавата за утрешниот меч од 18:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни