Поврзете се со нас

Германија

Флик: Целиот тим на Баерн е под притисок

Објавено

на

Пред Баерн Минхен е лигашкиот меч против Фрајбург кој може да покаже дали најдобриот германски клуб е во криза, пад на форма.

Имено „баварците“ доживеаа шокантна елиминација од Холштајн Кил во Купот, а пак претходно загубија од Борусија Менхенгладбах во шампионатот иако водеа со 2-0 на „Борусија-Парк“. Баерн има доста проблеми во дефанзивната линија, прима многу голови, односно едноставно не може да ја сочува својата мрежа.

Гигантот последен пат не примил гол против на 9 декември против Локомотив Моска во ЛШ, кога е во прашање Бундеслигата тоа е во месец октомври кога Ајнтрахт Франкфурт настрада на „Алијанц Арена“ со 5-0.

-Тоа ќе биде интензивен натпревар. Фрајбург е познат по тој тип на фудбал. Тие постигнуваат многу голови. Ќе биде за нас и како ќе се однесуваме во одбрана. Останува на нас, моравме брзо да го надминеме разочарувањето, сега мора да го искористиме најдоброто од ситуацијата.

-Целиот тим е под притисок во одбраната, не се само последните четворица. Не вршиме доволно притисок на топката, не како порано, -истакна тренерот Ханси Флик.

-Очекував да доживееме мал пад малку порано, но мојот тим покажа неверојатен менталитет и се пласиравме на врвот на табелата пред зимската пауза. Моторот не работи без проблеми, во средата тоа го доживеавме на најбрутален начин. Ние им олеснуваме на противниците да прават шанси, мора да бидеме во подобри позиции, да се браниме заедно. Тоа е наша работа е и очекуваме да се вратиме на врвот, -дополни предводникот на европскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни